Итно мора да увезат 500.000 тони – уништен орзиот во Бангладеш
Поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови и поројното истекување возводно ја погодија земјата во два големи бранови во август и октомври, одземајќи најмалку 75 животи и загрозувајќи милиони, особено во источните и северните региони каде штетите беа најголеми, пренесува Seebiz.
Министерството за земјоделство соопшти дека годинашните поплави резултирале со значителна загуба во производството на ориз. Како одговор, владата забрзано увезува 500.000 тони ориз и се очекува наскоро да дозволи увоз од приватниот сектор, изјави претставник на Министерството за храна на Бангладеш.
Преодната влада, која ја презеде власта во август по смртоносните протести што го принудија поранешниот премиер Шеик Хасина да побегне во Индија, се бори да ги стабилизира цените на храната кои се зголемија за речиси 20 отсто во последните месеци.
Поголемиот увоз од Бангладеш би можел да ги поттикне пратките од соседна Индија, најголемиот светски извозник на ориз, кој минатиот месец ја намали царината за извозот на преварен ориз на 10 отсто.
Од поплавите сериозно беа погодени и други земјоделски производи, меѓу кои и повеќе од 200.000 тони зеленчук. Вкупните земјоделски загуби низ целата земја поради поплавите се проценуваат на околу 45 милијарди така (380 милиони американски долари).