Италијанските доктори на уште еден 24-часовен протест
Во Италија денеска се одржува уште еден национален 24-часовен штрајк, објави АНСА.
Штрајкот е свикан од голем број национални синдикати и предизвика проблеми во областа на образованието и здравството и во другите јавни и приватни сектори. Транспортниот сектор е поштеден од штрајкот.
Штрајкувачите бараат подобри услови за работа и пристојни плати во различни сектори.
Штрајкот е проследен со голем број протестни маршеви низ цела Италија. За време на маршот во Милано, беше организиран флешмоб на кој беше запалена фигура на Доналд Трамп поради војната во Иран, но и поради неговите врски со финансиерот Џефри Епштајн.