Италија со најмногу починати од Ковид-19

Во Италија во последните 24 часа од корона вирус починаа 462 лица, а од почетокот на епидемијата 74.621 пациенти, со што земјата достигна најголем број починати од Ковид-19 во Европа.
Дневниот број починати во Италија остана висок повеќе од два месеца покрај мерките воведени против епидемијата од корона вирус.
Во италија во последното деноноќие заразени се уште 22.211 лица, соопшти Минситерството за здравство.
Италија покрена вакцинација против корона вирус,а приоритет имаат лицата во старечките домови и медицинскиот персонал.