Истражување: Пациентите дијабетичари имаат 12 пати поголем ризик да умрат од коронавирус
САД– Во американскиот Центар за контрола на заболувањата и профилактика забележале дека пациентите дијабетичари со коронавирус имаат шест пати повеќе потреба од хоспитализација, додека ризикот за смрт кај нив е зголемен за 12 пати.
Според истражување на Калифорниски универзитет од Сан Франциско објавено викендов во медицинскиот портал Медикал експрес, научниците анализирале статистика за смртноста за време на неколку месеци пандемија. Според нив, дијабетесот е на втор место по тежина на компликации после срцевите заболувања.
Авторот на истражувањето, Пракаш Дидвања, доктор по медицина во Калифорниски универзитет, смета дека заболувањата даваат до знаење дека треба да се воведат „итни и сериозни мерки за контрола на заразени од коронавирус“.
Научниците сметаат дека при амбулантно лекување во услови на пандемија, докторите ја губат контролата над состојбата на пациентите.
Посетата на дијабетичари на амбулантен преглед се намалила за 10 проценти. Исто така, овие болни се помалку го следат нивото на шеќерот во крвта. Научниците сметаат дека во вакви случаи, од голема помош може да биде телемедицината.