Истражување на „Брима“: СДСМ во предност пред ВМРО-ДПМНЕ во општините
Aгенцијата „Брима“ направи анкета за политичките ставови на населението во Македонија во пресрет на локалните избори кое покажа дека, на прашањето за кандидат на чија партија би гласале во нивната општина, 19,8% се изјасниле за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВРМО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица итн.
Според анкетата, 2,4% се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% нема да гласаат. Сепак, околу една четвртина од испитаните се неопределени.
Од аспект на етничка припадност, 52,2% од етничките Македонци „многу веројатно“ би гласале, наспроти 24,7% од етничките Албанци и 45,7% од другите националности.
Од оние кои се изјасниле дека „многу веројатно“ би гласале во најнизок процент се во Полошкиот регион (20,7%), а во највисок во Југоисточниот регион (70%). Во другите региони овие параметри се движат во опсег од околу 38%-56%.
Ако се разгледуваат само испитаниците кои во овој момент се изјаснуваат дека „многу веројатно“ ќе гласаат на локалните избори, 33% од нив би гласале за кандидат на СДСМ, 28,2% за кандидат на ВРМО-ДПМНЕ, 4,5% за ДУИ,2,8% за Алијансата на Албанците, 3,3% за Движењето БЕСА, 3,8% за Левица итн. Моментно, 2% од испитаниците се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат и во помал процент за други партии.