Истанбул има поголем БДП од осум балкански земји заедно
Најголемиот турски град Истанбул има БДП од 256 милијарди долари, а осум балкански земји заедно имаат 253 милијарди долари, објави порталот Индикатор.ба.
Сонер Цагаптеј, директор на турската истражувачка програма при Институтот за Блискиот исток во Вашингтон, објави на Твитер дека бруто домашниот производ во Истанбул е повисок од оној во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора заедно.
Според податоците на Светската банка, БДП на Турција минатата година изнесувал 740 милијарди американски долари, а, за илустрација, БДП на БиХ во 2018 година бил 20,2 милијарди американски долари.
Истанбул има население од 15,5 милиони, а осумте земји заедно имаат вкупно 28,6 милиони жители.