Исчезнатото 4-годишно девојче во Австралија, пронајдено по 18 дена – уапсен киднаперот

Клео Смит, четиригодишното девојче исчезна на 16 октомври од семејниот шатор во кампот „Куба боухолс“, во близина на Карнарвон на северот од Западна Австралија.
Австралиската полиција објави дека го пронашла четиригодишното девојче живо и здраво по 18 дена потрага.
Клео е најдена на 70-тина километри од Карнарвон, а поради нејзиното исчезнување уапсен е 36-годишен маж кој ја киднапирал.
Се раоти за маж кој не е сексуален престапник ниту од претходно ѝ бил познат на полицијата.
Полицијата упаднала во неговата куќа еден час по полноќ, а во моментот тој не бил таму. Снимен е моментот кога полицијата го изнесува девојчето од куќата на киднаперот.
– Како се викаш? – прашува полицаецот.
– Името ми е Клео – вели девојчето.
– Сега ќе те однесеме да ги видиш мама и тато, ОК? – вели полицаецот потоа.
Куќата во која Клео е пронајдена оддалечена е само седум минути возење од нејзината семејна куќа.
– Клео е жива и е добро. Полицијата провали во заклучената куќа во Карнарвон околу 1 часот. Ја пронајдоа малата Клео во една од собите. Таа е вратена на родителите веднаш потоа. Ова е исход на кој сите се надевавме и за кој се молевме. Ваков исход имаме поради неверојатната работа на полицијата. Сакаме да се заблагодариме на нејзините родители, општеството на Западна Австралија и на многуте волонтери. Можам да потврдам дека во притвор имаме маж од Карнарвон, кого во моментот го испрашуваат детективи – рече полицаецот Кол Бланч.
Соседите на уапсениот маж велат дека во последно време им бил сомнителен. Имено, виден е како купува пелени, а немал деца.
Една сосетка, една вечер слушнала како плаче некое девојче, но не помислила дека плачот доаѓа од неговата куќа.
– Слушнав како плаче девојче, но не мислев дека тоа е Клео – вели таа.
Шест дена трагаат по 4-годишно девојче, сега нудат и награда