Исчезнаа шест лица од Непал, биле вработени во Пехчево и Свети Николе


Вчера во 12.10 часот во ОВР Берово, Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивен 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираа од полицијата. 

Исто така, вчера во 11.30 часот во Полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе пријавил дека петмина негови вработени – лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.