Исчезнаа маж и жена во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Две лица се пријавени за исчезнати во текот на вчерашниот ден.

Вчера во 14 часот во Полициското одделение Сарај, А.Н.(28) од с.Грчец, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сестра П.Н.(31) од с.Грчец.

Потоа во 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, С.М.(48) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат О.М.(44) од Скопје.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.