Исчезна тинејџер во Сплит: Најден велосипедот и траги од крв
Во сплитската парк-шума Марјан од понеделник наутро се води интензивна потрага по 16-годишно момче по кое трагаат полицајци, спасувачи и пожарникари, но и по шест часа потрага, освен што пронашле велосипед и траги од крв, нема конкретни резултати.
Сплитската полиција утрово околу 6 часот и 50 минути била известена за исчезнувањето на малолетникот кој со велосипед го напуштил својот семеен стан во Сплит. Во месноста Марјан од јужната страна е пронајден велосипед и во тек е интензивна потрага по исчезнатото лице.
Во моментот на неговото исчезнување носел маслинестозелен диксер, сиви панталони, црни патики со бел ѓон и црн ранец на грбот.
Како што дознава Хина од Анте Јукиќ, од сплитскиот огранок на хрватската национална спасувачка служба, во тек е увид на целиот Марјан, со 40 спасувачи на терен, на кои во попладневните часови ќе им се придружат уште колеги.
„Во моментов од ХГСС сме 40, но ќе дојдат повеќе луѓе бидејќи ги подигаме сите расположливи сили, на терен сме и со голем број припадници на полицијата, итната, специјалната и основната, потоа пожарникарите , две кучиња трагачи, а на пат се уште четири кучиња. Користиме беспилотни летала, во основа сѐ што имаме на располагање“, изјави Јукиќ.
Единствената трага пронајдена е велосипедот кој е забележан во парк-шумата Марјан.
Сведоците велат дека утрото забележале момче кое одговара на описот во парк-шумата Марјан, кое било на велосипед.
Неофицијално се дознава дека исчезнатиот тинејџер синоќа последен пат го видела неговата мајка. Учесниците во претресот наводно кај црквата Св. Јаре го пронашле велосипедот и забележале траги од крв, но сѐ уште не се знае со сигурност чија е. Откако го прегледале тој простор, потрагата ја прошириле на целиот Марјан. На лице место со спасувачите е и таткото на исчезнатиот 17-годишник.