ИОМ: Во 2025 година на мигрантските рути загинаа или исчезнаа приближно 8.000 луѓе
Речиси 8.000 луѓе загинаа или исчезнаа на мигрантските рути минатата година, а најсмртоносни се оние што се упатуваат кон Европа, соопшти денеска од Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Во извештајот на ИОМ се наведува дека повеќе од четири од секои 10 смртни случаи и исчезнувања се случиле на морските патишта кон Европа. Многу случаи се таканаречени „невидливи бродоломи“ во кои цели бродови исчезнуваат на море и никогаш не се наоѓаат
– Овие бројки се доказ за нашиот колективен неуспех да спречиме вакви трагедии, изјави Марија Моита од ИОМ.
Иако официјалната бројка од 7.904 загинати или исчезнати лица е намален од рекордните 9.197 во 2024 година, ИОМ соопшти дека ова делумно се должи на 1.500 сомнителни случаи што се непотврдени поради намалување на буџетот за помош.
На северноафриканската рута има 1.200 смртни случаи, додека Азија пријави рекорден број на жртви, вклучувајќи стотици бегалци Рохинџи, кои бегаат од насилството во Мјанмар или се наоѓаат во преполни бегалски кампови во Бангладеш.
– Рутите се менуваат како одговор на конфликтите, климатските притисоци и промените во политиката, но ризиците се сè уште многу реални, наведе директорката на ИОМ, Ејми Поуп.