Инстаграм е најопасната социјална мрежа за децата
Педофили се повеќе ги користат социјалните мрежи, особено Инстаграм за да намамат деца, се вели во студија на Здружението за заштита на децата од насилство.
Полицијата во Англија и Велс пријавила 1.944 инциденти со сексуална конотација во кои биле вклучени деца.
За тој тип на комуникација со деца, најмногу се користел Инстаграм – 32 отсто (1.317 случаи), Фејсбук 23 отсто и Снепчет 14 отсто.
Фејсбук и Инстаграм жестоко се борат против тоа. Во април пред две години, беше одлучено да се казни тој вид на комуникација.
По 1,5 години од донесувањето на одлуката, беа забележани пет илјади такви прекршоци, но во Здружението велат дека таа бројка не ја одразува вистинската состојба на работите.
Во полициски извештај се вели дека седум од десет жртви се девојчиња на возраст од 12 до 15 години. Секоја петта девојка е на возраст под 11 години, а најмладата жртва имала само пет години.
Питер Ванлес, директор на Здружението, вели дека социјалните мрежи не ги почитуваат правилата.
-Податоците говорат дека децата не можат да бидат безбедни на социјалните мрежи. Не смееме да чекаме да се случи следна трагедија. Компаниите мора да одговорат, вели тој.
Националната агенција за борба против криминалот вели дека платформите што ги користат децата и младите мора да имаат механизми што спречуваат такво однесување на интернет.
„Децата и младите треба да бидат предупредени кога овие ситуации се во прашање”, нагласуваат тие.