Индустријата за крстарења ќе биде во криза уште две години
Индустријата за крстарењa ќе биде во криза најмалку уште две години и нема да се врати на нивото пред пандемијата барем до 2023 година, смета Арнолд Доналд, извршен директор на американската компанија „Карневал“, со седиште во Флорида.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Доналд истакна дека до крајот на оваа година целата флота на „Карневал корп.“ може да продолжи со пловење, но тој верува дека ќе и треба повеќе време на компанијата да се врати на нивото на деловна активност пред пандемијата.
Во првиот квартал од оваа година, оваа компанија објави поголема загуба од предвидената, бидејќи операциите беа речиси целосно прекинати поради пандемијата со корона вирусот.