Индија е нов епицентар на Ковид-19


Индија регистрирала 78.357 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, така што вкупниот број на случаи е над 3,7 милиони.

Во исто време, владата ги намалува ограничувањата наметнати од пандемијата за да ѝ помогне на проблематичната економија.

Индија, земја со 1,4 милијарда жители, брзо станува светски епицентар на коронавирусот.

Во последните три недели, Индија објави најголем број нови инфекции на дневна основа, а со сегашното темпо најверојатно наскоро ќе биде пред Бразил и САД во однос на вкупниот број на заразени.

Министерството за здравство денес соопшти дека 1.045 лица починале како резултат на коронавирус во изминатите 24 часа, што е вкупно 66.333 од избувнувањето на пандемијата. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Индија е трета земја во светот според бројот на смртни случаи.

Инфекциите брзо се шират од луѓето во големите градови на Индија во помалите градови и руралните области.

Индија во моментов прави 100.000 тестови на ден, но експертите велат дека тоа не е доволно, сепак има 32.000 на милион, што е помалку од она што се прави во САД, земјата со најмногу заразени лица.

Индискиот медицински истражувачки совет денес објави дека земјата спровела речиси 44 милиони тестови за коронавирусот од почетокот на пандемијата.