Имал забрана , но сепак влегол и нападнал вработена во обложувалница


Во неделата, во 19.50 часот во СВР Скопје, Л.К.(48) од Скопје пријавила дека пред спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, каде била вработена, била физички нападната од едно лице, кое од претходно имало забрана да влегува во објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.