Илон Маск соопшти дека во Иран се активни речиси сто сателити „Старлинк“


САД – Илон Маск кој е сопственик на „Спејс Икс“ соопшти дека компанијата сега има речиси сто активни сателити што овозможуваат интернет-услуга на „Старлинк“ во Иран, три месеци откако преку Твитер најави нивна активација поради тамоните протести.

„Се приближуваме до сто активни ’Старлинкс’ во Иран“, твитна Илон Маск во понеделникот.

Милијардерот во септември изјави дека ќе ги активира сателитите „Старлинк“ во Иран како дел од напорите на САД да ја „зголемат слободата на Интернетот и слободниот проток на информации“ за Иранците.

Широкопојасен интернет обезбеден преку сателити, може да им помогне на Иранците да ги заобиколат владините ограничувања за пристап до Интернет и одредени социјални медиуми.

Исламската република ја зафати бран протести што избувнаа откако 22-годишната Махса Амини која беше уапсен од полицијата поради „несоодветна облека“, почина во полициски притвор во септември.