Икс ќе дозволи политичко рекламирање пред изборите во САД


Сан Франциско  – Социјалната мрежа Икс (Х) соопшти дека ќе дозволи политичко рекламирање на кандидати и партии на изборите во САД.

Тие велат дека ќе го прошират безбедносниот тим пред претседателските избори во 2024 година.

Мрежата Икс неодамна го промени своето име, а претходно беше позната како Твитер.