Игор Гиевски е главен осомничен за истрагата околу ЕВН


SONY DSC

Игор Гиевски, управител на „ЕВН Македонија Електрани“ е главниот осомничен во истрагата за ЕВН поради која минатата недела се правеа претреси по домови на лица во Скопје и Делчево, пренесе „А1он“. 

Се работи за продажба на земјоделско земјиште во Делчево, а во истрагата во оваа фаза се вклучени неколку државни институции. Според информации на „А1он“, Гиевски заедно со уште петмина, од кои тројца се физички лица, а двајца вработени во ЕВН, земјиште кое прикажале дека го добиле како подарок, неколку дена потоа, го продале за 1,5 милион евра на ЕВН.

„Не би коментирал сега ништо“, рече Гиевски на прашањето од „А1он“ дали и кај него е направен претрес, по што додаде: „Немаме никаква информација.

Оваа купопродажна зделка ја истражуваат повеќе државни институции, кои во изминатиот период имаат издадено низа наредби за обезбедување на докази. Обвинителството, започнува и со вештачење на одземените уреди, по претресите направени изминатите денови.