ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека неодамна извршиле напад со дрон врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешното училиште во Џабалија во северниот дел на Газа.
Според израелската војска, оперативците на Хамас ја користеле училишната зграда Халава за планирање и извршување напади врз војниците во Газа и Израел, јави Тајмс оф Израел.
Палестинските медиуми јавија дека комплексот служел како засолниште за раселените жители на Газа, а во нападот загинале најмалку осум лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 30 лица биле ранети.