Ибраими: Албанците во Македонија се дискриминирани како во средниот век
Многу е разочарувачко, срамно, скандалозно по големата историска измама што ја направи во 2001 година, кога ја прекрши заложбата „дека ќе прави Албанија на местата каде живеат Албанците“, денес, 19 години потоа да излегува со нов „капитален“ предлог за „премиер“, вели потпретседателот на ДПА, Орхан Ибрахими, коментирајќи ја изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека на изборите што претстојат време е да се избере првиот премиер Албанец.
Според него, по 18 години владеење презаситено со корупција и национални и меѓународни афери, овој „лидер“ да продолжува со крајна нечувствителност и бесрамност да си игра со нашиот колективен интелект.
– Каква важност има функцијата претседател, претседател на Собранието, албански премиер со оваа уставна и правна рамка? Дали е ова нашата цел ?!. Приоритет над приоритетите во Северна Македонија треба да биде воведувањето на консензуална демократија. Не верувам дека Албанците ќе ја дозволат оваа следна измама. Затоа што веќе 18 години ДУИ дозволува дискриминација на Албанците како во средниот век, колапс на здравствениот и образовниот систем, моноетничка, политичка и непрофесионална судска власт. Масовен егзодус на младите, недостиг на перспектива, моменти на трагични убиства со политичка мотивација, нарушување и братоубиство, политички прогон и затвор, вели потпретседателот на ДПА, Орхан Ибрахими.