Иако хрватската куна веќе не е во употреба, 620 милиони евра во монетите не се заменети


Хрватските граѓани и една година по воведувањето на еврото, дома имаат уште 4,66 милијарди куни, што значи дека пропуштаат да земат речиси 620 милиони евра.

Според податоците на Хрватската народна банка, 12 отсто од банкнотите и дури 75 отсто од монетите се уште се во системот.

Процесот на конверзија беше најинтензивен кон крајот на минатата и на почетокот на оваа година и продолжи со многу умерено темпо, пренесуваат хрватските медиуми.

На 1 јануари 2023 година, Хрватска стана 20-та членка на еврозоната и го воведе еврото наместо куната, која беше во употреба како официјална валута повеќе од 28 години.