И САД се вклучуваат во трката за литиумот на Србија
Заменик-секретарот за економски раст, енергија и животна средина на САД, Хозе В. Фернандез, ќе дојде во Србија од 9-11 октомври за да ја унапреди соработката преку Партнерскиот форум за безбедност на минерали за развој на разновидни и одржливи синџири за снабдување со критични минерали.Тој, исто така, ќе ги промовира трговските и економските можности со САД.
Во Белград, заменик-секретарот Фернандез ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ и претставници од министерствата за надворешни работи, енергетика, финансии и телекомуникации, како и претставници од српскиот и американскиот приватен сектор, вклучително и водечките критични минерални и енергетски компании.
„Неговата посета дополнително ќе го развие нашиот силен, взаемно корисен однос кој се заснова на заеднички вредности и цели и ќе ги реафирмираат САД“, стои во официјалното соопштение од САД.