И по десет часа спасување децата заглавени во жичарницата висат над провалија (ВИДЕО)


Пакистанската војска e во трка со времето обидувајќи се да ги спаси шестте деца и двајца возвасни што се заглавени во расипана жицарница на висина од 274 метри над провалија. Операцијата трае веќе десет часа без успех, а таму веќе се ближи ноќта и може да биде прекината операцијата. Заглавените деца досега добија храна и вода, а родителите чекаат долу и молат да ги спасат. Поради силниот ветер акцијата за спасување е отежната. 

Децата ја користеле жичарницата за да одат на училиште во планинска област во северната провинција Хајбер Пахтунхва кога се скинало едно од нејзините јажиња, велат локалните власти. Тие се заробени на местото од 7 часот наутро. Војската се обидува да спроведе „исклучително ризична“ спасувачка операција во Батаграм, предизвикана од силните ветрови, со два хеликоптери досега испратени во областа откако не успеаја обидите да се поправи дефектот со жичарницата.

„Едно дете се онесвести поради топлина и страв“, изјавил за новинската агенција Ројтерс службеникот за спасување Шарик Ријаз Катак.

Еден безбедносен функционер, кој сакаше да остане анонимен, рече дека војниците на специјалните служби, обучени за вакви операции, се вклучени во оваа „исклучително опасна и ризична операција“.Наскоро се очекуваше и трет хеликоптер да се приклучи на спасувачката мисија. Експертите предупредија дека нивните напори се комплицирани поради стравувањата дека силните налети што ги создаваат хеликоптерите би можеле да ја дестабилизираат жичарницата.

На локалната телевизија можеше да се видат армиски командоси како се обидуваат да се спуштат на јажиња од хеликоптерите кон жичарницата.