И од најмала количина на храна стомакот ќе ви „експлодира“: Шест начини да го поправите варењето и да спречите надуеност и гасови


Како да го „поправите“ варењето и да го решите проблемот со надуеност и гасови? Применете шест едноставни правила и поттикнете ги цревата да работат „како швајцарски часовник“!

Ако често се случува после оброк, кој дури и не мора да биде особено голем, да имате проблеми со варењето, да се чувствувате надуени, да имате грчеви во стомакот и гасови, телото ви испраќа сигнал дека треба да промените нешто драстично во вашите навики.

Постојат шест начини да спречите надуеност, грчеви и гасови после јадење, а еве што точно треба да направите:

1. Јадете храна која предизвикува надуеност во умерени количини
Леб, грав, грашок, брокула, карфиол, зелка, млечни производи, кромид, јаболка, праски и круши се меѓу намирниците кои најчесто предизвикуваат надуеност и гасови после оброк. Затоа треба да се консумираат во мали количини и да се внимава да не се комбинираат бидејќи предизвикуваат дигестивни проблеми. Исто така, доколку друга храна ви предизвикува вакви симптоми, бидете внимателни и намалете го нивниот внес. Важно е да внимавате како се чувствувате после секој оброк.

2. Намалете го внесот на сол
Прекумерното внесување сол не само што може да доведе до срцеви заболувања, туку влијае и на задржување на водата во организмот. Вишокот вода е една од главните причини за надуеност. Доколку навистина сакате солено, обидете се да ја замените солта со природни, билни зачини кои ќе го направат јадењето подеднакво ароматично, пренесува порталот „DivaHair“.

3. Избегнувајте мрсна храна
Со оглед на тоа дека храната со висока содржина на маснотии е потешка за преработка во организмот, не е чудно што после оброк се јавуваат варење и чувство на надуеност. Многу попаметно би било, на пример, да се намали количината на масното месо и да се јаде повеќе зелена салата која го поттикнува метаболизмот.

4. Целосно исфрлете го или намалете го внесот на газирани пијалоци
Изгледа дека после тежок оброк нема ништо подобро да „легне“ една чаша газиран сок… Но, ваквите пијалоци предизвикуваат и несакан ефект, а тоа е надуеност. Совет на нутриционистите е наместо сок да испиете чаша вода со половина исцеден лимон. Овој пијалок не само што освежува, туку и го стимулира варењето.

5. Јадете полека
Не брзајте кога јадете, туку уживајте во вкусно подготвената храна за да избегнете варење, грчеви во стомакот и надуеност. Сметајте дека кога јадете „набрзина“, голтате и воздух, кој кога ќе влезе во стомакот предизвикува надуеност. Покрај тоа, ако јадете полека, помали се шансите да се прејадете. На овој начин, желудникот има време да го пренесе сигналот до мозокот дека е полн.

6. Прошетајте
Кратката прошетка може да ги ублажи проблемите со варењето, надуеноста, чувството на тромавост после оброк. Затоа, доколку имате можност да се прошетате после јадење, не размислувајте двапати. После прошетка ќе се чувствувате многу подобро, особено што физичката активност ги подобрува функциите на дигестивниот систем.

Проблемот со варење и надуеност после оброк лесно се спречува со овие совети, но доколку и покрај промените кои сте ги вовеле во вашата рутина, сепак имате проблеми со гасови, грчеви и чувство на тежина во стомакот, најдобро би било. да се консултира со гастроентеролог.и да се тестира чувствителноста на одреден вид храна.