И на терминалите на аеродромот во Скопје влез само со ковид сертификат или негативен ПЦР или антиген тест

Од синоќа во 21 часот се применуваат нови правила за влез во терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти ТАВ Македонија која што управува со аеродромот.
Како што се вели во објавата, влезот во зградата ќе биде можен само со приложување на сертификат за имунизација, односно за прележан КОВИД-19 или со негативен ПЦР тест.
„Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/node/26181?ln=mk за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен Весник на РСМ бр. 193 од 18.08.2021 година), се врши измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.
Согласно најновата одлука, од 19.8.2021, 21:00ч, влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување:
– Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19; или
– Сертификат / потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
– Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување“, објаснуваат од ТАВ Македонија. Притоа се додава дека ваквите арања не се однесуваат на лица под 18 години.
Од компанијата објаснуваат и дека влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување В.