И Муцунски оди во Будимпешта
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денес на покана на министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, престојува во работна посета на Будимпешта.
Централни теми во разговорите на министрите се очекува да бидат тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи на двете земји, одличната трговска соработка, перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја и во тој контекст, недвосмислената и континуирана поддршка на Унгарија во процесот на ЕУ проширувањето, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година.