И Кинотека ги отвора вратите за кучињата придружници
И Кинотека, по Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија ги отвора своите врати за кучињата придружници на лицата со попреченост.
– Апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување на свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници – наведува КИнотека на својата Фејсбук страница.
Од Арехолошкиот музеј потсетуваат дека ги исполнуваат сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и оти располагаат со лиценцирани водичи за лица со попреченост.