И граѓанската активистка Мерсиха Смајловиќ е кандидат за претседател
Познатата хуманитарна активистка, Мерсиха Смајловиќ, ќе биде кандидат за претседател на Бошњачкиот демократски сојуз. Со неа бројот на кандидатите за претседател на државата стигна до девет. Тоа е најголем број досега во историјата на независна Македонија.
Смајловиќ е позната во македонската јавност по граѓанскиот ангажман за застапување за човековите права, борбата против дискриминацијата, заложбата за родовата еднаквост, правата на етничките групи.
Јавноста ја знае и околу нејзините залагања за правата на бегалците, борбата против исламофобијата. Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.
Мерсиха дипломирала на Правниот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги „Нахла консалтинг“ каде моментално е со редовен работен ангажман.