И Господ на помош: МПЦ ги повика граѓаните да гласаат


Фото: Б. Грданоски

„Почитувани верници и граѓани на Р Македонија, iзборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата.

Изборите се можност коja ни е даденa за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, vе повикуваме да излеземе масовно и да гласаме!Бог да ја благослови Македонија!“, пишува во соопштението на Македонската православна црква – Охридкса архиепископија.