И Ципрас ќе прави фондација, ќе го кани Заев на годишнината од Преспанскиот договор
Поранешниот премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, ќе формира фондација и на парвиот настан, по европските избори, ќе го покани поранешниот премиер Зоран Заев. Настанот ќе се совпадне со годишнината од Преспанскиот договор за кој некои кругови кај нас отвораат повторно дебата со нереалнио најави дека може да се напушти.
Ципрас веќе е активен во Парламентарното собрание на Советот на Европа и е избран за претседател на Комитетот за Западен Балкан на Советот. неговата влада се одликуваше со проактивна и реалистична надворешна политика, со особен фокус на балканскиот регион и зајакнувањето на дипломатските односи со земјите од регионот. Кулминација на оваа политика беше потпишувањето на Договорот од Преспа, што доведе до решавање на спорот за името меѓу Грција и Северна Македонија, што траеше речиси три децении.
Во овој контекст, според неофицијалните информации на ИБНА, Ципрас на првиот настан што ќе се одржи под покровителство на фондацијата ќе покани поранешни и актуелни балкански лидери, меѓу кои Зоран Заев, поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, поранешниот европски комесар за проширување Јоханес Хан и посредникот на ОН за прашањето за името Метју Нимиц . Исто така, според истите информации, се очекува да учествуваат и премиерот на Албанија Еди Рама, поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов и други лидери од поширокиот регион на Југоисточна Европа. Настанот ќе се одржи во средината на јуни и може да се совпадне со датумот на потпишување на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година.