И американскионт нафтен гигант „Ексон“ ќе ја напушти Русија
„Ексон мобил“ планира да го напушти бизнисот со истражување на нафта и гас во Русија поради руската инвазија на Украина. „Ги осудуваме воените дејствија на Русија“, објави најголемата американска нафтена мултинационална компанија. Компанијата го поддржува народот на Украина и се залага за силен меѓународен одговор на Русија.
„Ексон“ објави дека повлекувањето од проектот за производство на нафта и гас „Сахалин-1“ во Русија, кој се работи заедно со руската групација „Роснефт“ и индиските и јапонските партнерски компании, ќе се изврши внимателно и во тесна координација со другите компании. Со оглед на актуелната ситуација, американската групација засега отфрла и инвестиции во нови проекти во Русија.
Со повлекувањето од Русија, „Ексон“ ги следи своите конкуренти БП и „Шел“, кои исто така најавија дека ќе се откажат од договорите за нафта таму во изминатите неколку дена. Излезот може да биде многу скап за компаниите. „Ексон“ првично не дава никакви информации за трошоците, најверојатно ќе бидат во милијарди. Имотите на „Ексон“ во Русија вредат 4 милијарди долари. Американската корпорација е во Русија со децении и држи 30 отсто од проектот „Сахалин-1“.