Хутите изведоа нов напад врз аеродромот во Ријад


Сана – Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека повторно го нападнале аеродромот во Ријад откако Саудиската цивилна одбрана рано утрово издаде кратко предупредување за „потенцијална опасност“ во областа на главниот град на кралството, објавија француските медиуми.

Портпаролот на оваа проиранска милитантна група – Јахја Сарија, изјави дека Хутите „спроведоа операција против Меѓународниот аеродром Крал Халид во Ријад користејќи балистичка ракета“.

Смртоносните напади на Хутите минатиот месец го принудија аеродромот да биде две недели затворен.

Хутите и саудиските сили, кои ја поддржуваат јеменската влада, од октомври речиси секојдневно разменуваат воздушни удари. Јеменскиот конфликт продолжи во јули отворајќи нов фронт во војната на Блискиот Исток по четири години релативен мир во земјата.

Саудиската цивилна одбрана утрово соопшти дека е издадена „тревога за потенцијална опасност“ во покраината Ријад, која подоцна беше укината.