Хуавеј не може во иднина да користи СД и микроСД картички


На кинеската телекомуникациска компанија Хуавеј и е забрането да биде член на здружението СД Асоцијација (група што одобрува стандардизација на спецификации за СД и микроСД картички). Тоа значи дека на Хуавеј веќе не му е дозволено да ја имплементира официјалната поддршка за СД и микроСД картички во нивните идни телефони или лаптопи.

СД Асоцијацијата потврди дека отстранувањето на Хуавеј од групата е директна последица на наредбите на американската администрација

СД и микроСД картичките ќе продолжат да работат на постоечкиот хардвер на Хуавеј, но не и на идните производи на компанијата.

СД Асоцијацијата не е првата што ја прекина соработката со Хуавеј, тоа веќе го направија Гугл, А-Ер-Ем, Интел, Квалком и Броадком.