Хрватски медиуми: Тот бил претепан во ноќен клуб, видео-снимките се избришани
Хрватските медиуми со големо внимание ја следат ситуација со ракометарот на Бутел, Денис Тот, кој се наоѓа во критична состојба по вчерашното претепување во Скопје.
Според порталот „Вечерњи“ хрватскиот ракометар бил претепан во ноќен клуб, а снимките од безбедносните камери биле избришани.
„Некој знае што прави“, пишува порталот повикувајќи се на лице познато на редакцијата.
Тот пристигна во Бутел од Охрид. Дел од кариерата мина во шпанскиот гигант Адемар Леон, а играше и за австриски Брук и Пореч и Бјеловар.
Родителите на 27-годишниот ракометар допатуваа во Скопје.
Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за инцидентот.