Хрват најден починат во хотел во Гази Баба, пробиштипјанец на клупа во Аеродром


Фото: Б. Грданоски

Двајца мажи најдени се починати во текот на вчерашниот ден. Едниот е Хрват кој бил најден починат во соба од хотел во гази Баба, а пробиштипјанецот на клупа пред зграда во скопски Аеродром.

Во неделата во 6.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат Е.Ш.(57) од Хрватска, кој бил гостин во хотелот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на Судска медицина за обдукција.

Истиот ден, во 13.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на клупа пред зграда на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.М.(44) од Пробиштип, со престој во Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.