Хотелот „Југославија“ урнат до темел
Вчера беше урнат еден од препознатливите симболи на Белград, хотелот „Југославија“, а на тоа место како што претходно беше најавено ќе се гради луксузен деловен и станбен комплекс со два облакодери.
На урнатините на хотелот „Југославија“ има градежни машини кои дробат шут и го товарат во камиони.
Хотелот „Југославија“ беше продаден на аукција на 22 март минатата година по почетна цена од 3.176.997.271 динари, околу 27 милиони евра, а купувач беше МВ Инвестмент како единствен учесник на аукцијата, компанија во сопственост на тимот Милениум.
Првите багери почнаа да ја рушат зградата на хотелот „Југославија“ во ноември 2024 година и покрај бројните протести на граѓаните кои се спротивставија на уривањето и нарушувањето на амбиенталната целина на границата меѓу Нов Белград и Земун.