Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?
ОВЕН:
Вашите емоции се нагласени и ќе треба да внимавате да не доживеете фијаско. Како? – можеби се прашувате, а наједноставен начин е бавно да ги селектирате добиените податоци и информации, на тој начин откривајќи што е вредно да остане, а што да си замине од вашиот живот. Ги имате сите потребни алатки и средства да ги постигнете своите желби.
БИК:
Целото внимание е насочено кон постигнување на лојалност, материјална сигурност и искрена љубов: ако не го добиете тоа, ќе бидете конзервативни и тивки. Можеби е потребно да го смените начинот на кој што барате и да појдете некаде на краткотраен пат или во природа, каде што ќе бидете во контакт со својата интимна страна. Слушајте ја интуицијата.
БЛИЗНАЦИ:
Ако сакате да знаете дали ќе успеете, имајте во предвид дека сте водени од повисоки влијанија, кои што ќе ви дадат одговор во следните десетина дена. Значи одговорот лежи во вашата истрајност да успеете на професионален и личен план. Ќе треба да внимавате на луѓето со сомнителен карактер и да не се расправате со желба да се осветите.
РАК:
Сега веќе знаете дека сè се случува со некоја повисока причина, па така и болката и радоста се две страни на една иста паричка: ова е период за релаксација, постигнување на сигурност и добросостојба. Уживате во убавите планетарни влијанија и среќни сте бидејќи времето за жетва е пристигнато: балансирајте во интимните врски. Радост.
ЛАВ:
Ве радува фактот дека наскоро ќе се ослободите од проектите што се влечкаа и можеби ќе тргнете некаде на пат. Како и да е, добро проверете го изворот на добиените информации и не шпекулирајте. Работите бараат трајна солуција, а не само привремено прикривање на голите факти или нивно шминкање: виножитото е прекрасно, но тешко е да се фати.
ДЕВИЦА:
Честитајте им на оние кои што го завршиле своето образование, а восхитувајте им се на оние кои што тврдат дека сè уште студираат: сè до последниот здив има нешто ново да се научи. Можеби утрината ќе ви се чини неизвесна, но понатаму ќе добиете идеја дека сте херој кој што е на волшебно патување: сите битија ги движи истата универзална сила.
ВАГА:
Преку глава ви е да се држите за раце со своите сакани и да изговарате зборови кои што се распрснуваат на сончевите зраци како меурчиња од сапун: животот е сериозна одговорност и неумереното однесување ќе треба да остане во минатото. Ако можете, појдете на прошетка и осамете се за кратко, за да откриете што е најдобро понатаму да правите.
СКОРПИЈА:
Во фокус се партнерските врски, кои што се чини дека минуваат низ фаза на несигурност и промени: инсистирате на стабилност и респект, но повеќе губите сила, отколку што добивате. Иако условите се добри за постигнување на нови договори, ќе треба да причекате уште малку, а за тоа време да научите како да бидете поистрајни, решителни и цврсти.
СТРЕЛЕЦ:
Сега е време да останете постојани и силни во отстранувањето на потешкотиите кои што континуирано се зголемуваат, а најмногу се поврзани со оговарања, погрешни информации и аргументи. Пазете го своето здравје и бидете внимателни со завидливите луѓе. Можни се финансиски придобивки, но и повреда на блиските кои што самите си ја причиниле.
ЈАРЕЦ:
Се чини дека се будите после долг сон, во кој што минавте низ многу тешкотии: болест, груби зборови и искажани невистини и сега не постои друг начин освен да пресечете и да започнете сосема нов живот со нови правила и стандарди. Подготвени да се соочите со неизвесната иднина, култивирајте ја вештината на чекање: за некој ден ќе имате нови информации.
ВОДОЛИЈА:
Движени од повисоки сили, денес доаѓате до грнето злато кое го чуваат змаевите. Ова не е некоја замислена приказна, туку реална шанса која говори за балансирање на повисоките цели и материјална реалност, по која ќе можете да креирате нов свет. Добрите работи се случуваат тукутака, особено ако имате доволно фантазија, амбиции и цел.
РИБИ:
Денес успевате да си ја вратите самодовербата и од собраните информации да го издвоите она што ви е од есенцијално значење: грдото го отфрлате како ниту да не постоело и му обрнувате внимание само на она што може да донесе плод. Решавање на проблеми поврзани со легалниот сектор, наследството или правдата. Одличен ден за прошетка со пријателите.
Ирена Танчева