Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?
ОВЕН:
Ако сакате среќата да се заврти во вашиот правец, ќе треба да се запрашате како подобро да им се приспособите на потребите на времето во кое живеете: пред вас е уникатен начин на живот и штом го направите првиот чекор, работите ќе се одвиваат самите од себе по инерција. Ќе ги привлечете туѓите погледи и луѓето ќе се чудат како сте успеале!
БИК:
Можеби сте нетрпеливи и сакате работите побрзо да се одвиваат, но за да ги постигнете своите желби, треба континуирано да го вртите саканиот слајд во главата и да ја повторувате истата мантра: имам намера да ја остварам својата цел. Некои работи не зависат од вас, а оние пак кои што можете да ги коригирате, направете ги мирно и понизно.
БЛИЗНАЦИ:
Имате чувство дека треба да поставите здрави граници во некои области на својот живот: дали наоѓате доволно време за себе и своите потреби или сте секогаш тука кога и да ве побара некој? Можеби ќе дојдете до некоја важна информација, за која што нема да знаете како да реагирате: дајте си малку време и почекајте. Ќе дојдете до одговор.
РАК:
Не стремете се кон некој идеален стандард: никаде не пишува каков треба да биде вашиот живот. Не обрнувајте им внимание на своите комплекси, туку разгледајте го богатството на животот околу вас: каде и да се завртите, секој има уникатен пат и го живее по сопственото кредо. На тој начин и вие ќе откриете нови амбиции, љубов и успеси.
ЛАВ:
Минувате низ период кога треба да научите да балансирате: ако сакате да постигнете нешто, не барајте го тоа директно и бесчувствително, туку со многу нежност, такт и дипломатија. Тука се и вашите пријатели, кои ќе ви помогнат со неколку искусни совети: правете мали чекори, со кои ќе дојдете до крупни промени. Кратки патувања.
ДЕВИЦА:
Каков е принципот по кој дејствуваат волшебните варијанти? Кои се мистичните сили кои што го движат светот? Со овој тип на прашања се соочувате денес и не можете да најдете логичен одговор, но тоа не е потребно. Самата верба дека сè си има некој свој сопствен ритам и енергија ве движи напред кон нови и поинтересни шанси.
ВАГА:
Ако се обидете да го откинете мангото кое што се огледува на површината на езерото, најверојатно ќе пропаднете во водата и ќе останете со празни раце. Признајте си дека самите сте одговорни за својата судбина и така повторно ќе имате сила за нови проекти и повозвишени амбиции: времето работи за вас, затоа не откажувајте се сега. Ќе успеете!
СКОРПИЈА:
Онака како што сакате да напредувате, не можете, затоа опуштете се: можеби ќе појдете некаде на пат или на одмор. Негувајте ја својата волја и размислувајте за тоа дека вие ја создавате својата сопствена судбина: имајте верба во успехот и љубете повеќе. Што и да се случи, тоа не е крајот на светот, туку само порта кон нови потенцијали.
СТРЕЛЕЦ:
Некој се обидува да го привлече вашето внимание и нема да престане сè додека не се освестите: можеби сметате дека сте со лимитирани опции, но тоа не е сосема точно. Најдете време за размислување и медитација, со што ќе дојдете до оригинални откритија и одговори: време е за прошетка во природа и за балансирање на внатрешниот радар.
ЈАРЕЦ:
Соочени со промени на многу важни полиња, ќе треба да вложите екстра напор за да го чуете својот внатрешен глас: што навистина сакате? Што ви е потребно и кој е вистинскиот начин да го средите бизнис секторот, домот и да си помогнете? Ако една идеја не се остварува, прејдете во реализација на некоја друга и верувајте си повеќе дека ќе успеете.
ВОДОЛИЈА:
Дури и шумскиот пожар не може да гори бескрајно: откако ќе ја консумира сета своја сила, работите ќе се смират. Чадот и прашината ќе спаднат долу и потоа ќе биде полесно да се излезе на чист терен. Бидете спокојни и нова енергија ќе се врати во вашиот живот, бидејќи околу вас имате пријатели кои што ќе ве научат како да постигнете духовен мир.
РИБИ:
Чувството за вина произведува уште поголема вина: престанете да ја трошите својата енергија. Бидете селективни во однос на инвестициите и направете инвентар: живејте според сопствените стандарди и не тркајте се со времето. Ви претстои важна задача, за која треба да штедите средства: престанете да се извинувате за сè и сешто и работете вредно.
Ирена Танчева