Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Може да им кажете збогум на успешните времиња кои ве поставија во позиција на лидер, разбирајќи ги своите заблуди: тие неминовно доведуваат до пораз и илузии. Работите полека ќе се разјаснуваат и поддржани од Сонцето во својот знак, денес имате нешто важно да соопштите: неправдата ја мразат дури и оние што ја креираат!
БИК: Успеавте да ја реставрирате својата сила и духовен мир, наоѓајќи ги потребните совети од некоја мудра личност: можеби е крута, но ќе научите како да се соочите со кармичките последици разбирајќи го секој изговорен збор. Бидете истрајни и постојани на својот пат кон целта и дајте го најдоброто од себе: практичен реализам и трпение.
БЛИЗНАЦИ: Време е за организација, а најмногу во научните потфати: вистинољубивите зборови имаат далекосежни ефекти, како и доброто однесување со колегите и саканите. Пред вас се појавуваат две различни опции и доколку успеете да го исконтролирате својот јазик, ќе дојдете до голем успех и ќе направите нови договори. Време е за забава.
РАК: Имајќи го во фокус финалниот производ или цел, како и постојаност и девоција, ќе успеете да ги надминете дуалните времиња и личности од минатото: на тој начин ќе го добиете она што е создадено исклучиво за вас! Средба со помлада личност, која што ќе ви ги изрази своите романтични уверувања: дали сте за оваа средба? Без срам!
ЛАВ: По малку сте збунети: разберете дека постепено се практицира смиреност и така се доаѓа до саканиот просперитет. Финансискиот успех ви е на дофат, како и саканата слава, но бидете постојани и не размислувајте за ништо друго, освен за она што сакате да го сработите. Можеби веќе сте истрошени, но малку по малку ќе постигнете мир.
ДЕВИЦА: Дуалната природа во светот или темната и светлата страна, се преплетуваат постојано: таква е заднината на нештата. Зад вас се моќни ментори, кои ќе ве подучат на што е вредно да обрнете внимание, а што треба да отстраните засекогаш. Колку е долго засекогаш? Избирајте ја светлата страна на животот и ќе дојдете до врвна позиција.
ВАГА: Денес би можеле да дојдете до некаков вид на донација или самите да дадете нешто: сепак, не се расфрлајте наоколу раскажувајќи за таквите потфати, туку премолчете некој збор. Некои работи се тешки да се разберат, особено на семеен план, но научете дали сте вие кои должите или некој вам ви должи. Направете нов функционален план.
СКОРПИЈА: Секогаш успевате да ја погодите подлабоката димензија на работите и континуирано да се регенерирате: сконцентрирајте се на она што е најважно и започнете нова лична потрага. Сегашниот циклус е веќе при крај и можеби сте истоштени, но ќе треба храбро да застанете и да го смените сегашниот животен стил. Без оговарања.
СТРЕЛЕЦ: Месечината во Близнаци ве претставува пред некоја рационална и логична личност: таа ќе ви ги најави претстојните шестмесечни промени, за кои што треба да се подготвите практично и да пронајдете нов интерес. Сето ова ќе донесе и финансиски фидбек, бидејќи бевте до крај верни на своите идеали. Време е за зреење.
ЈАРЕЦ: Како награда за вашата дисциплинираност, денес може да го остварите својот дамнешен копнеж: страсно се заземате за себе и работите на тоа да појдете на далечен пат, каде што ќе се впуштите во потфати со огромен креативен потенцијал. Не дозволувајте туѓата агресија да ги наруши вашите планови и ако треба, сокријте нешто.
ВОДОЛИЈА: Консултации со кои што доаѓате до нови реализации: каква е природата на материјалниот живот, а каква на спиритуалниот и кое е вашето место во сето ова. Имате среќа што сте во друштво на важни лидери, кои ќе ве научат дека сега треба да продолжите сами на својот пат кон постигнување на поголема интелигенција. Не губете надеж!
РИБИ: Ништо не боли толку многу како повреденото срце: внимавајте на говорот и не кријте се повеќе зад некои пријатели. Велат дека пријателството што започнува поради сожалување, завршува со озборување, па така ниту вие не сте исклучок. Доколку дејствувавте со сопствени мотиви минатите шест месеци, сега ќе треба да го смените однесувањето.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ