Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Бурното минато е веќе зад вас: имате доволно фантазија за да се вивнете како на магичен килим и да ја искористите динамичната сила во остварување на своите потенцијали. Практични показатели со кои доаѓате до самопрочистување: средба со старите пријатели кои ќе го возбудат вашето срце. Убави лични контакти.

БИК: Дарувањето креира посебно задоволство: подобро е да се дава, отколку да се добива. Можеби планетите ни ускратуваат некои задоволства, но човек може да се справи со нив и да го искористи најдоброто од целата ситуација, само доколку е непристрасен. Време е да верувате и така ќе растете, познавајќи ја природата на животот.

БЛИЗНАЦИ: Можеби си копнеете за уште некој ден на одмор и мир, но планетите ве повикуваат да бидете вредни и да ја напуштите сигурната рутина. Пред вас се проекти кои ако не бидат завршени на време, ќе предизвикаат сериозни консеквенции: бидете спремни да се соочите подеднакво како со губитокот, така и со добивката. Мудрост.

РАК: Месечината во Бик ви носи сеќавања на сознанија и сега сте цврсто решени да се справите со сите надворешни влијанија: бидете сконцентрирани и постојани во умот и ќе успеете да направите најдобар избор од понудените опции. Просперитетни шанси кои што не смеете да ги пропуштите. Ако треба, почекајте до вечерта. Успех.

ЛАВ: Не гледајте назад кон минатото, туку искористете ги информациите од важен карактер за да го постигнете саканиот успех: тој е тука и само што не тропнал на вратата! Постигнувате стабилност на повеќе полиња и славите со саканите: вложеното дава плод, дури и од неочекувани страни. Прифатете ги овие дарови задоволно и љубете повеќе.

ДЕВИЦА: Планетите велат дека ја постигнувате саканата трансформација: вложениот труд ви дава одредена моќ, која што ќе треба да ја контролирате добро. Направете нова финансиска рамка, со која што ќе може да се претставите и во далечните земји. Од вас се бара балансиран пристап кон финансиите и постојаност. Конечни корекции.

ВАГА: Сега сте кревки и барате начин како да се ослободите од финансиската зависност: постојат луѓе на кои што можете да се потпрете и не би требало да ги занемарите овие важни личности. Можеби се малку крути, но тоа не е причина да отстапите: користете ги своите сетила и образувајте се подобро. Запознајте се прво себеси.

СКОРПИЈА: Неизвесноста е при крај и тајните излегуваат на површина: тука се вашите блиски, со кои што е добро да се поврзете на подлабоко ниво. Пријателствата не се загубени, само добиваат поинаква форма: размислете добро како да напредувате заедно понатаму. Фиксирајте го својот ум на целта и набрзо ќе успеете. Интелигенција.

СТРЕЛЕЦ: Туѓите забелешки ја промашуваат целта, бидејќи сте премногу интелигентни за таквите игри: вашиот ум е исконтролиран и имате планови со кои што може да стигнете насекаде. Портите на светот ви се ширум отворени, но припремете се добро пред да се впуштите во финалната битка. Внимавајте на очите и главата и бидете мудри. Без провокации.

ЈАРЕЦ: Само ретките личности знаат да се носат добро со предизвиците: бидете прагматични и ќе избегнете катастрофа, особено на финансиски план. Истражувајте повеќе и ќе дојдете до вистината, а така ќе постигнете мир и среќа. Споменот на вас ќе трае само ако доволно се вложите: потоа може да се опуштите и да славите.

ВОДОЛИЈА: Можеби сте тажни затоа што вашиот идентитет полека се открива, но не ја отфрлајте така лесно досегашната работа. Ако размислите добро, ќе сфатите дека неуспехот може да го искористите како темел на кој што ќе ги изградите идните успеси. Потребна ви е визија и истрајност, со која што ќе дојдете до саканата поддршка. Почетоци.

РИБИ: Конечно гласот на разумот се буди во вас: можеби е непријатно и се чувствувате разголени, но секој учи најдобро на сопствените грешки. Бидете похумани и најдете време за помалку среќните од вас давајќи им конкретна помош или донација. Научете дека иста сила ги движи сите човечки битија и бидете непристрасни. Баланс.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]