Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Самоуверени и авторитативни, внимавајте да не претерате во преголемиот ентузијазам: привлечни и сјајни, се чини дека ги држите клучевите на својата судбина, но имате склоност да претерувате. Намалете ги амбициите и покажете добра воља кон оние со кои што соработувате: тоа ќе ви се исплати многукратно. Организирајте се подобро.

БИК: Денес е добро да направите инвентар на своите мисли и да се ослободите од сите реченици што почнуваат со негација: така ќе се ослободите од можната криза и ќе ја приближите среќата поблиску до себе. Разгледајте трезвено што се случува со светот и разберете дека дури и одморот има своја уога во животот: ако ви се спие, најдете време за дремка.

БЛИЗНАЦИ: Минувате низ период на трансфомрација, особено на старите уверувања и животот, растејќи и зреејќи како никогаш до сега: повеќе не ве плаши ниту неизвесната иднина. Можеби дел од денот ќе го минете во чекање, а за тоа време бидете истрајни и поработете на својата толеранција: вашите блиски ве познаваат како насмеана личност.

РАК: Гладни за сите работи кои што се поврзани со областа на логиката, доаѓате до нови информации кои што можеби ќе ги сокриете за сега: на тој начин доаѓате до лично исполнување и среќа. Љубовта тече слободно низ вашиот живот и зрачите со топлина и креативна инспирација: ќе останете смирени и разумни, дури и ако се соочите со искушенија.

ЛАВ: Тешкотиите се јавуваат за да го направат човека посилен: сега чекорите мудро и будно, сигурни во своите сили дека нема да паднете од мостот. Сетете се што научивте за време на минатиов период и размислете за својот живот низ таа призма: се случуваат промени и исполнување на дамнешните желби. Сега можете да си честитате: време е за настап!

ДЕВИЦА: На секои дванаесет години доаѓате до истите теми: прашање е дали сте успеале да ги остварите тогашните намери и во кој обем? Разберете дека сте уникатно битие, кое што не мора секогаш да им служи на другите и да постапува како нив: крајно време е да се запрашате дали ги исполнувате вашите најинтимни желби и животна мисија. Дајте си слобода!

ВАГА: Подготвени да го вложите и последниот атом од својата сила, денес ќе разберете дека сѐ што треба да направите е да ја завршите вчерашната работа: воздржете се и ќе избегнете колапс. Не сфаќајте ги работите толку сериозно, туку дозволете си да се порадувате и играте како дете: смирете ја својата енергија и прочитајте некоја книга.

СКОРПИЈА: Бидете подготвени за неочекувани пресврти, дури и во секојдневните средби: најважно е да откриете како да се сакате самите себе, пред да може да го сторите тоа со другите. Најдете слични точки во сите блиски врски и обидете се да постигнете хармонија: останете реални во своите желби и ќе дојдете до конкретни резултати. Изучувајте повеќе.

СТРЕЛЕЦ: Добро ги разбирате сите шеми и измами, имајќи слух и за двете страни: недостатокот на самоконтрола е мајка на сите пороци. Сега е добро да се повлечете од безнадежната ситуација и да се борите друг ден, кога ќе имате повеќе информации и сила: така ќе успеете да се соочите со опозицијата и да победите. Опоравување од стресот.

ЈАРЕЦ: Имате чувство како да се наоѓате во кинеска перална: тука никој никого не разбира и секој го тера својот интерес. Можеби работите макотрпно и имате малку слободно време, но на тој начин би можеле да се отуѓите од другите и да пропуштите интересни шанси. Чесниот човек никогаш не работи тајно и не се срами од тоа што го работи. Ефикасност.

ВОДОЛИЈА: Завесата ќе се дигне и претставата ќе започне: она што беше тајно, ќе излезе пред очите на јавноста. Контролирајте ја својата ментална состојба, бидејќи за сега сте на лизагв терен: ако сакате да ја претставите својата страна на вистината брзо и ефективно, декларирајте ги јавно своите намери и сконцентрирајте се на целта. Иницијативи.

РИБИ: Ако сметате дека работите се одвиваат по некоја тајна шема со намера да ви наштетат, нема да си направите услуга: погледнете добро во огледалото и ќе откриете дека реалноста е проекција на вашите размислувања. Можеби некои детски стравови ве заплашуваат сѐуште, кои што треба да ги отстраните еднаш и засекогаш: еден, два, три – разбудете се!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]