Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Некој си игра со вашите емоции и тоа ве боли како илјадници ножеви забиени во грбот: се прашувате дали е дојдено времето за делување и кој е вистинскиот потег? Дали да заминете и да ја напуштите сета шарена збрка, земајќи го со себе само највредното? Овој самонаметнат став на мачеништво не ви доликува: одврзете ги очите!
БИК: Имате неколку напредни идеи, за кои ќе треба да причекате уште малку: разберете кога е време за делување, а кога за повлекување. Така ќе ја постигнете саканата рамнотежа и ќе ги надминете потенцијалните потешкотии: мистериозни сили го движат светот, а и вие сте дел од него. Поголем успех во попладневните часови.
БЛИЗНАЦИ: Сега ѝ се препуштате на судбината, надевајќи дека морето од емоции ќе се смири самото од себе: на овој начин се ослободувате од грешките, како и од грандиозната визија за себе. Ќе научите дека модата е нешто како епидемија и дека секоја генерација ѝ се смее на претходната. Безброј маски, а која е вистинската? Луксуз.
РАК: Можеби очекувате поголемо разбирање од страна на колегите и претпоставените, а најверојатно сте жртва на сопствените погрешни уверувања: чувството на безизлезност ќе го надминете со дополнителен ангажман. Работите вредно и не заостанувате зад другите: тука лежи вашата сила и така го смирувате и својот дух.
ЛАВ: Во постојан континуитет ги привршувате своите ангажмани и имате чуство за претстојните промени: гласот на интуицијата не ве лаже. Нежни и мудри, точно знаете како да се претставите. Изрази на љубов од страна на помлада личност, но не брзајте во правењето на заклучоци. Научете како да се ослободите од минатото. Медитација.
ДЕВИЦА: Можеби сѐуште немате идеја како да постапите со инвестициите, но набрзо ќе дојдете до фер солуција: верувајте дека ќе стигнете на целта и така ќе постигнете многу. Ставете ја најдобрата насмевка на себе и надминете ги стравовите: тие се со илузорна природа. Пратете го сопствениот ритам и постигнете внатрешен мир.
ВАГА: Бидете постојани и надминете ги опонентите, имајќи цврста верба во вишите сили: првиот дел се разликува значително од вториот. Средба со личност на егзекутивна позиција, која што можеби има незгоден карактер. Сепак добивате логични совети за проблемите кои што ве мачат. Работете посветено и ќе стигнете на целта.
СКОРПИЈА: Одеднаш огледалото во кое што се гледате не ви се допаѓа: бидете умерени и надминете ја ароганцијата, која што би можела да ве натера да превземете екстра одговорности. Она што го правите со љубов, не треба да биде сфатено како тиранија: вардете го говорот, манирите и здравјето, избегнувајќи ги можните драми.
СТРЕЛЕЦ: Договори со поискусните колеги: проектите се во завршна фаза и добивате понатамошни инструкции, со кои ќе финиширате. Можеби сте веќе уморни, но издржете уште малку: во попладневните часови добивате инфузија на свежа сила. Го надминувате стариот облик на однесување, знаејќи добро како да ги забрзате промените.
ЈАРЕЦ: Сакате да напредувате, но се соочувате со некој застој: знаејќи како практично да постапите, ќе си помогнете и ќе избегнете непотребни ангажмани. Сега не е време за груби зборови, туку за мудро планирање кое ќе ве одведе на пат. Опуштете се малку, не е крај на светот! Ако не стигнете денес, тогаш утре сигурно ќе има промена.
ВОДОЛИЈА: За сега е најдбро да ги прифатите своите одговорности, без да размислувате премногу за плодовите на својата работа: прашајте се добро како може да ги искористите своите таленти да им помогнете на останатите. Средба со рационална личност, која што ја знае суштината на работите: понудете ѝ се во служба. Резон.
РИБИ: Доаѓате до нови информации, кои ќе бараат итно делување: не си дозволувајте да ве надвладеат силни желби и да го изгубите паметот. Припремете се подобро и почекајте: поврзете се со луѓе со слични уверувања и разберете како да ја постигнете саканата трансформација. Имајте верба дека ќе победите, без оглед на условите.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ