Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Можеби ќе ви биде тешко да ја напуштите удобноста на својот мек кревет и да се впуштите во извршување на обемните задачи, но понесени од некој сладок глас или симпатија, ќе ја ставите на себе најубавата насмевка и ќе се спремите за љубов. Ах, пролет, колку убаво звучи тоа! Нежна размена со пријателите од минатото и убава романса.

БИК: Интензивни времиња пријатели, од кои сакате ослободување: се прашувате кој е вашиот пат и дали да преземете дополнителни должности. Во вас лежи длабоко знаење, кое што е добро да биде споделено со останатите: запалениот огин не може долго да гори ако го поклопите со некој сад. Можеби вашите зборови боцкаат, но имаат содржина.

БЛИЗНАЦИ: Рационални и објективни, нема да си дозволите да ве понесат интензивните случувања: застанете храбро, бранејќи ги своите уверувања и покажете колку вредите. Откривате тајни на најнеобичен начин, а тие ви носат директно задоволство и исполнување. Така расте и вашата доблест, која ја практикувате со леснотија.

РАК: Интересни влијанија со кои би можеле да ги исполните сите свои желби: прашање е што попрво да одберете? Едни се поостварливи, другите кријат одредени ризици и ви предизвикуваат чудење, а динамиката на денот е брза. Потпрете се на некоја личност со практична природа и почитувајте ги мудрите зборови, сите до еден!

ЛАВ:Радосни како дете на својот прв школски час, верувате во своите можности, дури и кога условите го говорат спротивното. На два кажани збора, еден премолчете и размислете како да постапите попрактично. Ако чекате, користете го времето за изучување, набрзо ќе ве повикаат да ја покажете вашата експертиза. Без апатија!

ДЕВИЦА: Месечината во Овен ви носи просперитетни шанси, со кои можете да напредувате во здружените инвестиции: размислете добро како ќе го изведете ова. Во вас лежи првичната идеја и сега сте доволно мудри да започнете нешто ново, по кое што ќе бидете паметени и славени. Информации од важен карактер и плоден период.

ВАГА: Од вас се бара смиреност: оној кој што умее да се контролира кога условите го бараат тоа од него, лесно ги надминуваат сите земски тешкотии и интриги. Можни се недолични и груби зборови, но што ви можат тие, ако ја контролирате својата страст? Секоја криза значи и шанса, затоа избирајте добро кој ќе е победникот.

СКОРПИЈА: Динамичен ден на работен план: натпревар кој што ќе го истакне најдоброто од сите партипициенти. Вложете се сесрдно и не оставајте ништо за утре, кој знае дали тоа ќе дојде? Некои работи се неизвесни, но сепак остварливи, од вас се очекува да ја искористите својата мудрост за да напредувате трајно. Ќе ги надминете опонентите.

СТРЕЛЕЦ: Имајќи го потребното знаење, истрајност и мудрост, успевате да ја споделите лидерската позиција: ова е како круна на сите напори, во кои што вложивте крв и пот, посветена служба и многу љубов. Потпрете се на советите на својата интуиција и најдете ја потребната рамнотежа: така успевате да дојдете до првичната замисла.

ЈАРЕЦ: Ништо не е така катастрофално, како што се чини на прв поглед: секое зло е за нешто добро и на тој начин ќе ја смените перцепцијата за реалноста. Послушајте ги помудрите од вас што имаат да ви кажат и не размислувајте за грубите зборови, кои што немаат никаква основа. Контролирајте ги своите сетила и барајте подлабоко.

ВОДОЛИЈА: Брза динамика и информации, кои бараат веднаш да дејствувате: доволно се искраднувате земајќи си го само најпотребното. Време е да се запрашате што им е потребно на блиските: не дозволувајте да бидат здробени како морски бран на некоја карпа. Потоа може да ви е жал, но времето не се враќа назад. Постојат сведоци, бидете свесни!

РИБИ: Се ослободувате од сенките од минатото, со помош на некоја авторитетна личност: бидете меки и сензитивни за туѓите потреби и можеби ќе ја добиете саканата инвестиција. Таа не е нужно од финансиски карактер, но со време ќе го донесе потребниот фидбек. Понудете нешто, некој мал дар или донација и ќе се прочистите. Надеж.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]