Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Разбудена е необична страст, но ќе треба да обрнете внимание на она што ви го говорат менторите: понудете го сето знаење красејќи се со своите убави квалитети. Иницијативни, убави и раскошни, небесните тела ве поддржуваат при самореализацијата. Искористете ги скриените пораки кои што доаѓаат од секој агол. Будење.
БИК: Во вас лежат сите таленти: завртете се зад себе и сфатете колку имате веќе постигнато. Ова е време за чест и за славење, ако треба и илјадници пати одново. Уран го прикажува вашето искуство на сосема нов начин и разбирате како се одвива целата креација: кои се нејзините правила и постулати. Нова финансиска рамка.
БЛИЗНАЦИ: Динамичен период, во кој што ги привршувате последните подготовки: потребна ви е сила да ја разјасните конфузијата, имајќи поголемо разбирање за потребите на општеството и блиските. Ќе внимавате да не се претекнете самите себе и да не ветите повеќе отколку што можете да исполните: вие сте само дел од еден поголем мозаик.
РАК: Страсно врзани за некоја идеја или личност, ќе направите сè што е во ваш домен за да се врзете трајно: договори или разговори, во кои што се вложувате сесрдно. На работен план сте вредни и обрнувате внимание на секој составен дел, но не преземајте одговорности кои се над вашиот капацитет за сега. Издржете, утре е нов ден.
ЛАВ: Размислувате како да напредувате со научните проекти: можен е контакт со некој од далечните земји, со кој ќе ги споделите своите идеи. Сепак, ова е повеќе ден за интроспекција и осамување, при што ќе дојдете до нова инспирација: разбирате дека сте кокреатор во самата креација и разумно го користите ова откритие.
ДЕВИЦА: Планетите во Риби ви носат повеќекратен прогрес: напредувате на домашен и странски пазар. Сега веќе можете да ја манифестирате својата педантна и организирана страна, имајќи знаење и слух за подлабоката реалност: на овој начин се ослободувате од злото во материјалната егзистенција. Средба со личност со романтична природа.
ВАГА: Времето на неодлучност е зад вас: доволно беше замижување пред вистината, сега точно знаете каде сакате да стигнете и во светски рамки да го најдете своето место под ова небо. Средба со динамична и харизматична личност, која што ќе ве воодушеви на прв поглед. Ова се ретки моменти пријатели, излезете и забавувајте се!
СКОРПИЈА: Го следите текот на времето и разбирате добро дека е време за дејствување: зборовите кои боцкаат ќе останат во минатото и ќе им се посветите на креативните проекти. Ова ве стимулира и сакате да постигнете што е можно повеќе: бестрашни, принципиелни и фокусирани, успевате да ги победите опонентите. Успех!
СТРЕЛЕЦ: Сонцето во Овен е ваш сојузник и нема да си дозволите да бидете понесени од различните каприци разбудени во некои поединци: рационално знаете кога да пресечете и речете Не!. Можна е средба со личност која што ќе ви презентира нови услови, за кои ќе треба трпеливо да се изборите. Просперитетен период, кој бара истрајност.
ЈАРЕЦ: Дилемите и стравовите остануваат во минатото: сега веќе знаете како да им се приближите на роднините или пријателите, особено ако сте поврзани во некој креативен потфат. Заведени од некоја харизматична личност, ќе направите храбри чекори во подобрување на материјалниот статус. Совршена хармонија помеѓу умот и телото.
ВОДОЛИЈА: Во вас лежи голема хуманост и сега ќе знаете како да ја изразите: сепак не претерувајте со трошењето, бидејќи условите не ви го дозволуваат тоа. Понесени од силни страсти, внимавајте да не избрзате и направите договори, од кои што нема да можете така лесно да се извлечете. Повеќе романтични опции: бидете мудри!
РИБИ: Времето за ситничарење завршува и сега ја разбирате природата на алхемијата: како оловото се претвора во злато. Нема потреба да сте резервирани, туку споделете ја вистината со останатите. Условите се менуваат и денес сè е и повеќе од јасно: бидете храбри и доблесни. Ова се вашите пет минути, затоа не кријте се повеќе.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ