Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ентузијазмот повторно се враќа во вашиот живот: динамични, брзи и храбри, влегувате во играта поддржани од убави планетарни влијанија. Она што досега беше тајно, ќе излезе на светлото на денот и ќе успеете да остварите убава заработка. Сакајте нежно, не барајте ништо за возврат и ќе бидете среќни.

БИК: Конечно учите како да ги заштитите своите интереси: точно знаете кога да се наметнете, а кога да се повлечете и да уживате во интимната сфера. Романтични понуди од повеќе страни, но вашето срце тропа само во еден ритам: на тој начин луѓето знаат дали да ви се приближат или не. Останете насмеани!

БЛИЗНАЦИ: Денот започнува со некое лудо темпо, за кое ќе треба да се наштимате: ориентирајте се добро и откријте што ќе отфрлите засекогаш, а што ќе задржите во својот живот. Да се биде среќен е најдобрата медицина, затоа насмејте се, дури и ако се соочувате со сериозни ситуации: скријте ги своите слабости.

РАК: Она што ќе го направите денес, ќе има влијание во иднината, без оглед дали сте свесни за тоа или не: го откривате изворот на својата среќа, соништа и љубов. Во животот минуваме низ тестови, само за да откриеме дали сме успеале да загосподариме со емоциите. Зголемена виталност и добро здравје. Соништа.

ЛАВ: Најдобриот лекар лежи во вас самите: одмор, добро расположение и умерена диета. Вашата љубопитност ќе ве одведе некаде на пат, од каде што ќе се вратите со изобилство на нови и вредни информации. Сето ова набргу ќе го ставите во функција и ќе дојдете до вредни награди. Животот е убав, зарем не?

ДЕВИЦА: Сега сте доволно зрели да говорите за оние работи за кои другите избегнуваат да говорат: ако нешто боли, преку разговор тоа има шанси побргу да зацели. Комуникацијата се продлабочува и станува интензивна и суштинска, со што создавате нова перспектива. Љубите кога ѝ служите на вистината. Успех!

ВАГА: Денес ќе треба да внимавате: бидете рационални и објективни, особено кога станува збор за легалните прашања. Можеби сте повредени или преморени, па затоа ќе го мерите секој кажан збор: слушајте, а потоа одговарајте. Во вечерните часови обидете се да се поврзете со саканите на поинтимно ниво.

СКОРПИЈА: Одеднаш се соочувате со повеќе случувања во различни животни сектори и пред да направите свесна одлука, ќе треба добро да размислите што е приоритет: вашата улога во светот, семејството, блиските роднини или љубовта. Анализирајте ги претходните искуства и можеби ќе откриете неколку бисери.

СТРЕЛЕЦ: На прв поглед се чини дека ништо важно не се случува во вашиот живот, но акцијата се одвива зад сцена: последни подготовки за следниот месец. Можеби ви треба повеќе одмор, рекреација и тајност, сѐ додека не ги искристализирате своите мисли. Ако некој ви згрешил нешто, време е да простите.

ЈАРЕЦ: Ова е ден кога ќе сфатите дека е најразумно да ги истражите своите емоции: запрашајте се дали имате задоволувачки и хармонични врски и научете како заедно да инвестирате во љубовта. Најдете компромис, па и двајцата ќе останете убави и чесни. Бидете благодарни, сочувствителни и насмејте се повеќе.

ВОДОЛИЈА: Ако чекавте долго време за некаков одговор, денес ќе добиете поволни вести: ова е момент да ги прославите животот и сета негова мистериозна убавина. Договори за работа во пар и собирање тим со кој ќе се разбирате на телепатско ниво. Во здраво тело, здрав дух и срце, а тоа се причини за танц.

РИБИ: Интензивни промени, за кои многумина не се подготвени: храбри и непоколебливи, се потпирате на својата логика, одговорност и зрелост, покажувајќи дека знаете да креирате нови стратегии. Светот ќе продолжи да се врти според своето темпо, а вие ќе доаѓате до мудрост читајќи скриени симболи.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]