Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Избегнувајте ги лошите навики и ќе успеете да се заштитите од аргументација. Ова најмногу се однесува на семејните и пријателските врски, па затоа можеби е добро да се осамите накратко и оддалеку да ги посматрате настаните. Ако некој ве навреди, не осветувајте се и не терајте инат: ќе се заштитте себе си од непотребна драма.

БИК: Сега е време да се запрашате што навистина сакате и дали сте цврсто втемелени во себе за да го постигнете истото: пред да отскокнете во непознат правец, размислете добро и слушнете го сопственото темпо. Можеби нема веднаш да дојдете до резултати и ќе сакате уште информации за темата која што ве интересира.

БЛИЗНАЦИ: Одморени, свежи и љубопитни, денес учите кој е најздравиот начин за натпревар: можеби некоја случајна забелешка ќе ви ги отвори очите и одднаш ќе откриете како да се соочите со потешкотиите. Не вртете се наоколу, туку погледнете подлабоко во себе, каде што ќе ги најдете сите потребни одговори: прашајте и ослушнувајте.

РАК: Се обидувате да постигнете финансиски баланс и можеби не очекувате, но денес добивате поддршка од далеку: креативни солуции, со кои што ќе ги разјасните конфузните ситуации. Можеби ќе појдете на пат или ќе бидете посетени од некој патник, чии што информации ќе го смират вашето немирно срце. Успех.

ЛАВ: Она што не функционира повеќе, оставете го во минатото и не двоумете: денес е ден за акција, со што ќе ги исполните претходно направените договори. Можеби сте малку изморени, но фактот дека наскоро ќе се забавувате ја развеселува вашата душа и ви го враќа еланот: насмејте се повеќе, вашето време доаѓа!

ДЕВИЦА: Ако стремите кон совршенство, тогаш ќе треба да откриете што ви сугерираат останатите: прифатете ги новите совети и ќе направите нова шема по која што ќе ги креирате идните планови. Останете флексибилни, педантни и внимателни, додека ги испробувате иновативните техники за работа: со самодисиплина доаѓате до резултати.

ВАГА: Одличен период за забава, пријателства и љубов: ги користите своите креативни потенцијали на необичен начин и се запознавате со луѓе кои што не сте ги сретнале претходно. Можеби дури и ќе се заљубите, но не залетувајте се премногу: искористете го истиот ентузијазам за да освоите нови клиенти и истражите нов пазар.

СКОРПИЈА: Не обидувајте се да го поправите она што не може да се поправи, а при процесот може да ве расипе и вас самите: иако сакате радикална промена, која што само што не ви тропнала на вратата, застанете накратко и запрашајте се што таа може да ви донесе. Контролирајте ги реакциите и отфрлете ги сенките: направете нов дизајн.

СТРЕЛЕЦ: Сосема неочекувано, денес влегувате во нова работна фаза: жртвувајте се во име на некоја повисока цел или сон и соработувајте со тимот. Темпото на денот е можеби бавно, но затоа пак можете да ги проучите сите аспекти на некое конкретно прашање: проверете ги неколку пати добиените информации, па потоа делувајте.

ЈАРЕЦ: Конечно разбирате дека ако сакате да напредувате, ќе треба да ги следите модните трендови: останете силни, постојани и работете во организирана средина. На овој начин ќе успеете да освоите нови територии и ќе си го вратите физичкото здравје и виталност: контролирајте ја агресијата и превземете одговорност. Независност.

ВОДОЛИЈА: Неочекувана средба со помлада личност, која што ќе ви покаже како да ги балансирате спротивставените аспекти од својот живот и да победите: со сила убавина не бидува, затоа бидете меки и нежни дури и со најупорните луѓе со кои што ќе дојдете во контакт. Соработувајте сѐсрдно и не дозволувајте да бидете вовлечени во кавга.

РИБИ: Ако чувствувате дека сте блокирани, имајте во предвид дека блокадите се со илузорен карактер: сѐ би можело да се реши со едно пукање со прстите, но ќе треба да фатите нова позиција. Не борете се со туѓите недостатоци и маани, туку совладајте ги сопствените пропусти. Средба со некоја личност која што му е драга на вашето срце.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]