„Happy hours “ со Биг Мама и стилистот Арменд Рамадани


Поп-пејачката Биг Мама ќе има музичко шоу и ќе донесе 100 изненадувања, а стилистот Арменд Рамадани ќе дели стилски совети на „Happy hours “ од 13 до 15 часот во продавницата за накит „Ребека Македонија“ во Скопје.

Отмено, без многу помпа, со шампањско и мирис од Тоскана, минатиот месец пристигна уникатниот италијански накит „Ребека“(Rebecca) во Македонија. Ѕвезди, амбасадори, министри, бизнисмени, убави дами и дотерани господа му дадоа ексклузивен тон на отварањето на продажниот салон, единствен во Македонија, а трет во регионот, по Љубљана и Загреб.