Хан: Заев и Ципрас го поплочија патот кон нова ера на соработка


Белгија– Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан преку Твитер им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за проодлабочувањето на односите меѓу двете земји.

– Им честитам на лидерите на Грција и на Северна Македонија зашто го поплочија патот кон нова ера на пријателски и продуктивни односи, во интерес на своите граѓани и на целиот регион, напиша Хан на Твитер по вчерашните средби на Заев и Ципрас во Скопје.

Фото: Б. Грданоски