Хан: Дојде време Западен Балкан да се придружи на ЕУ


 

Европскиот комесар за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан смета дека е дојдено времето Западен Балкан да се интегрира во Европската унија.

Тој, на „Твитер“, по повод одбележувањето на 15-годишнината од приемот во ЕУ на 10 земји од средна и источна Европа, напиша дека тоа е амбициозен проект заснован на заедничките напори и визија да се обезбедат мирот, просперитетот и безбедноста за сите граѓани во ЕУ.

„Оваа визија се оствари и време е да гледаме напред и да го финализираме историскиот прект за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан. Сигурен сум дека со заеднички напори тоа ќе биде успешна приказна за двете страни. Заедно сме посилни“, напиша Хан.