Хамас во Доха ќе поднесе сеопфатен предлог за прекин на огнот и размена на заложници
Извор на Хамас изјави за саудискиот канал Ашарк Њуз дека терористичката група ќе им претстави на преговарачите сеопфатен договор за итен прекин на војната и повлекување на израелските трупи од Појасот Газа и размена на одреден број палестински затвореници за ослободување на сите израелски заложници одеднаш.
Понудата се очекува да биде поднесена по состанокот што преговарачите на САД, Катар и Израел го одржуваат денеска во Доха за да се подготват за нови разговори за прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците, пренесе Тајмс оф Израел.
Израелските власти проценуваа различни опции за договор, вклучително и предлогот што беше претставен на состанокот на безбедносниот кабинет минатата недела да му понуди на Хамас двонеделен прекин на огнот во замена за ослободување на пет заложници, но терористичката група, наводно, претпочита итен прекин на конфликтот.
Неименуваниот извор на Хамас за Ашарк рекол дека „ќе ја слушнат понудата на преговарачите, но од претпочитаат сеопфатен договор што ќе се одвива во една фаза и ќе ја заврши војната еднаш засекогаш, во замена за размена на затвореници согласно која сите израелски заробеници се ослободуваат во замена за договорен број палестински затвореници во израелските затвори“. ј